Ванда само провоцира, за Икарди веќе нема место во Интер

Одличното деби на Ромелу Лукаку во дресот на Интер само ја потврди правилноста на ставот на Антонио Конте, кој инсистираше на доведување на белгискиот ас на местото на Мауро Икарди. Потешкиот дел од задачата за Интер е да се продаде Икарди, а во последните денови неговата сопруга и агентка повторно го прикажуваше Аргентинецот како „жртвено јагне“, откривајќи дека тој одби неколку понуди бидејќи желба му е да остане во Милано.

„Последните изјави на Ванда Нара ги оценивме како провокативни. Иритирани сме бидејќи произнесе невистини луѓето во клубот го смениле ставот за Икарди и дека тој ќе остане. Нашиот став не е променет, на ниту еден член на управата, а особено не на претседателот Стивен Жанг, кој беше директно посочен од страна на Ванда. Нашиот тренер од самиот старт на подготовките јасно стави до знаење дека Икарди не му е потребен во екипата“ – истакна директорот Џузепе Марота.

Останува да се види дали Аргентинецот ќе го промени ставот до крајот на преодниот рок и ќе замине од Интер, или ќе реши да остане и ќе заработува по околу 400.000 евра месечно без да настапува во дресот на „нероѕурите“.

Наполи се уште е најзагреан за услугите на одличниот голгетер, не е тајна дека Икарди сака да замине во Јувентус, но „старата дама“ не испраќа понуди додека не продаде некој од Игуаин, Дибала и Манџукиќ. Како што изгледа, сагата ќе трае буквално до последниот ден од преодниот рок.

Се вчитува...