Ванеса Брајант со емотивна честитка до Лејкерс: Штета што Коби и Џиџи не може да го видат ова

ЛА Лејкерс стигнаа до шампионската титула во НБА лигата славејќи во серијата со 4-2 по синоќешната победа во шестиот натпревар.

Веднаш пристигна и честитка од Ванеса Брајант, сопругата на легендарниот Коби Брајант кој минатата година почина во хеликоптерска несреќа.

„Ти честитам вујко Пи (Роб Пелинка – генералниот директор). Честитам Лекерс. Коби беше во право. Држете се до курсот. Штета што Коби и Џиџи не може да го видат ова“ – напиша Ванеса.

Се вчитува...