Ванеса Брајант со емотивна порака за роденденот на Џиџи – Секогаш ќе бидеш дел од мене

Доколку не се случеше трагичната хеликоптерска несреќа на Коби Брајант во јануари годинава, неговата ќерка Џиџи денеска ќе го прославеше 14. роденден. Нејзината мајка Ванеса на емотивен начин на социјалните мрежи и го честиташе роденденот на својата Џиџи.

„Среќен 14. роденден моја слатак Џиџи. Мама секогаш ќе те сака повеќе од тоа што го покажува. Секогаш ќе бидеш дел од мене. Ми недостигаш секој ден. Замислувам само да можам да се разбудам и ти да бидеш покрај мене. Ми недостига твојата насмевка, твојата прегратка. Ми недостига се поврзано со тебе“, напиша Ванеса на инстаграм. 

Се вчитува...