ВАР го поништи пеналот за ПСЖ, Марез го донесе Манчестер Сити во водство

Манчестер Сити е на чекор до големото финале во Лигата на Шампионите откако тимот на Пеп Гвардиола дојде до рано водство на реваншот против ПСЖ.

„Светците“ добија пенал на самиот почеток од натпреварот, но истиот беше поништен со ВАР откако јасно се виде дек Зинченко играл со рамо, а не со рака во сопствениот шеснаесетник.

Неколку минути подоцна, „граѓаните“ дојдоа до водство преку Марез, кој го постигна и победничкиот гол на првиот дуел во Париз. Голманот Едерсон одлично го исфрли Зинченко по левата страна, Украинецот го проигра Де Бруине, обидот на белгискиот плејмејкер беше одбиен, но топката стигна до Марез, кој ја смести во мрежата.

Се вчитува...