ВАР му го поништи деби голот на Стојановски за Горица

По двете победи во низа фудбалерите на Горица забележаа изненадувачо реми (1-1) против тимот од дното на табелата, Драговољац во осмото коло од Првата хрватска лига.

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски беше стартер за Горица, а во 56. минута имаше шанса да го доведе својот тим во водство кога од петерецот успешно стрелаше во противничкиот гол, меѓутоа подоцна голот беше поништен поради офсајд. До крајот на мечот Горица поведе преку Бабец, а аустсајдерот го изедначи резултатот преку Стркаљ.

Се вчитува...