ВАР-пенал над Барди, пресврт на Леванте (видео)

Леванте со многу мака стигна до израмнување на дуелот против Вилјареал, а најзаслужен за тоа е Енис Барди. Врз македонскиот репрезентативец беше направен прекршок, Барди се обиде да остане на нозе, па судијата не го санкционираше стартот врз него.

Сепак, ВАР-арбитрите го забележаа овој дуел и сосема оправдано беше покажано на белата точка. Најпрвин Моралес не го реализираше пеналот, но судијата покажа дека голманот се мрднал од гол-линијата, па ударот од единаесет метри повторно беше изведен. Овојпат одговорноста ја презеде Роџер, кој ја смести топката во мрежата.

Овој пенал ги исфрли од ритам гостите, па Леванте само неколку минути подоцна доби нов пенал, што Роџер го претвори во втор гол и целосен пресврт во корист на домашниот тим.

Се вчитува...