ВАР системот не дозволи Несторовски да се израдува на деби-гол во дресот на Удинезе… (ВИДЕО)

ВАР системот на дозволи македонскиот репрезентативец Илија Несторовски да се израдува на својот деби погодок во дресот на Удинезе.

Во 7. коло од Серија А, Удинезе во моментов гостува на Фиорентина. Несторовски, кој е стартер на натпреварот, во 34. минута постигна гол со волеј од непосредна близина. Откако најпрво погодокот беше признаен, по реакција на домашните фудбалери и прегледување на ВАР системот, голот беше поништен откако е утврдено дека во акцијата која претходи на погодокот соиграчот од нападот на Несторовски, Окака играше со рака…

 

На полувремето, Фиорентина и Удинезе во моментов играат без погодоци.

Се вчитува...