ВАР во Лигата на шампионите веќе од осминафиналето

Видео технологијата ќе се користи во фудбалската Лига на шампионите уште во нокаут фазата од оваа сезона потврди УЕФА. Промента е одлуката, ВАР да биде воведен од следната сезона во елитното натпреварување. По серијата контроверзни ситуации во текот на групниот сегмент, УЕФА реши да го забрза воведувањето на видео-контролната технологија.

ВАР ќе се користи и во шесанестинафиналето од УЕФА Европа лигата како и во завршната фаза од Лигата на нации и на Европското првнество за играчи до 21 година.

ВАР се користи во шпанската Примера, во Серија А, во Бундеслигата како и во Португалија и во американската МЛС. Во Премиер-лигата ќе биде воведен од следната година.

Се вчитува...