Варан меѓу четворицата капитени, нема место за Модриќ

Во пресрет на новата сезона во Лигата на шампионите, во која „кралскиот клуб“ ќе ја брани титулата, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги претстави четворицата капитени. Серхио Рамос е прв меѓу еднаквите, а потоа капитенската лента им припаѓа на Марсело, Бензема и на Варан. Младиот Французин доби голема чест, да влезе меѓу капитените на европскиот клупски првак, и тоа на местото на Португалецот, Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус во летниот преоден рок.

Интересно е дека можеби Лука Модриќ не доби ваква привилегија, но очигледно дека на одлуката влијаеше и неговото инсистирање да направи трансфер во Интер ова лето. Модриќ е капитен на фудбалската репрезентација на Хрватска и многу добро знае што значи да се биде предводник на тимот.

Реал Мадрид утре на „Сантијаго Бернабеу“ ја пречекува Рома во првиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...