Варан се договорил со Јунајтед, но Реал бара огромна сума на пари за отштета

Францускиот репрезентативец Рафаел Варан, фудбалерот на мадридски Реал ги договорил личните услови со англискиот великан Манчестер јунајтед, но трансферот барем засега тешко дека ќе се реализира зашто „кралевите“ бараат огромна сума на пари за отштета.

Јунајтед веќе испратил понуда до Реал за трансфер на Варан, во кого на „Олд Трафорд“ гледаат одличен партнер на Хари Мегваер во стоперската линија, но понудата од 40 милиони евра плус бонуси за Флорентино Перез и раководството на мадриѓаните е незадоволителна.

Наводно, Реал Мадрид побарам 70 милиони евра за трансфер на Варан, иако тој влезе во последната година од својот договор, па во Јунајтед очекувале дека цената ќе му биде далеку помала.

Бидејќи штотуку почна преодниот рок, преговорите за трансфер допрва ќе продолжат, но ако „кралевите“ не отстапат од своите барања тешко дека ќе дојде до договор, сумата што ја бараат е преголема, бидеќи Јунајтед веќе потроши богатство за да го купи Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, а во план имаат да донесат уште некое екстра засилување.

Варан во Реал веќе е една деценија, кога дојде како тинејџер од Ланс во 2011 година за 10 милиони евра, а освои буквално сѐ во кариерата. Има 360 настапи и 17 гола во белиот дрес.

Се вчитува...