Вардар без голови против романски Херманштад

Вардар ремизираше без голови во новиот тест дуел на подготовките во Словенија со романскиот Херманштад.

„Црвено-црните“ беа подобар противник од новиот романскиот прволигаш, пред се во првото полувреме, но офанзивците во составот на Бобан Бабунски не успеаја да реализираат.

Вардар веќе четврти натпревар не знае за победа на пријателските дуели во Словенија, по претходните два порази од руски Оренбург (0-1) и Балзан од Малта (2-4), како и ремито со словенечки Марибор (3-3)

Се вчитува...