Македонскиот шампион Вардар замина за Полска каде во сабота треба да го одигра мечот од 8 коло во Б групата на ЕХФ од Лигата на шампионите против Киелце.
Црвено-црните во Полска заминаа без Даинис Криштопанс кој поради повреда на скочниот зглоб остана во Скопје, поради што стручниот штаб ќе мора да импровизира на бековската позиција.
Натпреварот е прогласен за меч на колото од страна на ЕХФ. Првиот дуел во Скопје заврши без победник, 28-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА