Вардар без Кудуз и Чувара, се враќа Борко Ристовски против Мешков Брест?

Вардар ќе биде ослабен на претстојниот меч од Лигата на Шампионите против Брест Мешков, откако тренерот Веселин Вујовиќ потврди дека неколку првотимци нема да можат да настапат в среда.

Анте Кудуз, кој не настапи ниту во Норвешка, повторно ќе биде „во аут“, а добра вест би требало да биде враќањето на голманот Борко Ристовски.

„Анте Кудуз малку избрза со рехабилитацијата, па сега има воспаление на тетивата. Повреда на дуелот со Радовиш заработи и Чувара, кој не изгледа добро, па сега целиот товар ќе падне врз Дибиров. Добра вест е што Борко се чувствува добро и најверојатно ќе биде во комбинација за овој натпревар“, истакна Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...