Вардар без проблеми го „реши“ Бутел

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар на најдобра начин ги излечи раните од поразот од големиот ривал Еурофарм Пелистер во Суперкупот, откако денеска на домашен терен без поголеми проблеми славеше над Бутел со 30-21 во натпревар од 2. коло во Суперлигата.

Домаќините уште од стартот почнаа фуриозно и брзо стигнаа до позитива од плус четири (7-3). До крајот на првиот дел ја одржуваа оваа позитива и на пауза заминаа со водство од четири голови (16-12).

Во вториот дел разликата само се зголемуваше, а на крајот „црвените-црните“ стигнаа до убедлив триумф од 30-21. Талески, Чувара и Ќосески со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Петрушевски.

Се вчитува...