Вардар без проблеми на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Вардар стигна до рутински триумф на гостувањето кај Тиквеш од 25-30 во натпревар од 21. коло во ракометната Суперлига на Македонија.

Домаќините пружија отпор во првите петнаесетина минути во натпреварот во кои беа во егал, но во вториот дел на првото полувреме „црвено-црните“ уфрлија во повисока брзина и на пауза заминаа со позитива од четири гола 12-16.

Во второто полувреме Вардар стигна и до плус 11 (17-28), по што следеше мало опуштање кое домаќините го искористија за на крајот да стигнат до пристоен пораз од 25-30. Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Јане Јанчев со шест гола.

Се вчитува...