Вардар без проблеми против Бутел

Двократниот европски шампион Вардар стигна до нова победа во плеј-офот од македонската Суперлига откако во премиерниот меч од 7. коло на домашен терен без проблеми славеше против Бутел со 30-22.

Гостите иако беа аутсајдери успеаја да се држат против големиот фаворит некаде до последната третина од првиот дел (10-10). Избраниците на Владо Недановски кренаа во повисока брзина, па до паузата стигнаа до плус пет (16-11).

Во вториот дел „црвено-црните“ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 30-22. Родригез со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Филип Николов постигна осум гола.

Се вчитува...