Вардар без проблеми против Струга

Двократниот европски шампион Вардар по неочекуваниот пораз од Тиквеш минатото коло се врати на победите во домашниот шампионат откако вечерва во првиот меч од 4. коло од плеј-офот во Суперлигата славеше на домашен терен над Струга со 29-20.

„Црвено-црните“ уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот добивајќи го со 16-8, а во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 29-20.

Тунижанецот, Мохамед Тарик Бахар со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни 10 гола на Мерис Бошњак.

Се вчитува...