Вардар без шанси во Кавадарци против Фени индустри

Вардар се уште е без триумф во Првата лига откако „црвено-црните“ вечерва го претрпеа и првиот пораз, на гостувањето против Фени индустри со убедливи 99-78.

Кавадарчани немаа многу мака да ја потврдат фаворитската улога на терен, а „црвено-црните“ парираа само во првите 15 минути, во кои Фени имаше минимална предност од 32-31. Сепак, избраниците на Малинков фуриозно го завршија полувремето, на одмор заминаа со 51-39, зза потоа предноста дополнително да ја зголемат во преостанатите 20 минути игра.

Фундербург одигра одличен меч реализирајќи 23 поени, Предраг Пајиќ нанижа 18, а Мајер 17 поени за Фени, додека најефикасни во таборот на Вардар беа Провел со 26 и Радош со 22 поени.

Се вчитува...