Вардар без сила на арената – Работнички ги реши „црвено-црните“! (ВИДЕО)

Работнички запиша голема победа од 2-0 против Вардар во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. Триумф и тоа како значаен за „романтичарите“ во битката за опстанок во елитното друштво.

По анемичното прво полувреме сите возбудувања на теренот се случија во вториот дел.

Вардар очигледно без сила на арената, навикнат на домашните настапи на „Борис Трајковски“, одигра бледо второ полувреме во кое Работнички сосема заслужено дојде до водство од 1-0 со голот на Димитар Тодоровски во 75. минута.

Конечните 2-0 ги постави Мазари во 94. минута по еден брз контранапад…


Во првото полувреме немаше што многу да се види на теренот, а главниот впечаток од мечот сепак беше анимираната Западна трибина на која по две години повторно се вратија најверните вардарови навивачи „Комитите“…

ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 2-0
Тодоровски 75′, Мазари 90’+4
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 6-1
Красниќи 18′ 69′, Цаке 55′, Трако 65′(аг), Рамадани 85′, Аганспахиќ 87′ – Ефтимов 35′
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2-2
Шабани 42′, Ибраими 86′(п) – Стојчевски 67′, Селмани 72′
ВЧЕРА
Турново: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-0
Ѓорѓиевски 90’+2
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Дуду 4′, Трапановски 53′, Илиевски 85′ – Илиевски 61′
Гостивар: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1
Алпер Потук 5′, Кехинде 77′ – Вареловски 69′

Се вчитува...