Вардар без Стоилов ќе патува за Брест

Вардар ќе биде сериозно ослабен за премиерата од новата сезона во Лигата на Шампионите против Мешков Брест откако Стојанче Стоилов не доби зелено светло да се врати на тренинзи и да настапи на гостувањето во Белорусија.

Капитенот на „црвено-црните“ веќе извесно време е во изолација откако беше позитивен на коронавирус, но „вардарци“ се надеваа дека тој ќе може да тренира по враќањето од Задар и ќе биде во комбинација за настап против Мешков. Сепак, македонскиот репрезентативец не доби зелено светло за враќање на тренинг, по што е повеќе од јасно дека тој нема да биде во комбинација за настап со Мешков, меч што на програмата е в среда.

Стоилов не чувствувал никакви симптоми на болеста, се наоѓа во добра здравствена состојба, но ќе мораме да почекаме уште извесно време за негово враќање на терените.

Се вчитува...