Вардар чекираше билет за Супер Глоуб во Саудиска Арабија

Европскиот првак  Вардар со освојувањето на титулата во Лигата на шампионите си чекираше билет за настап на ИХФ Супер Глоуб 2019 година, официјалното Светско клупско првенство. „Црвено-црните“ како најдобар европски тим патуваат на натпртеварувањето кое ќе се одржи од 26 август до 1 септември одржи во Саудиска Арабија.

За Вардар ова ќе биде второ учество на Супер Глоуб, а покрај македонскиот клуб, засега е познат уште еден патник, тимот на Њујорк, кој е шампион на Северна Америка и на Карибите. На Супер Глоуб настапуваат континенталните шампиони, ќе има и еден домашен тим, како и еден учесник со „вајлд-карта“ од ИХФ.

Се вчитува...