Европската ракометна федерација ги објави шеширите за ждребот за новата сезона во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион Вардар се најде во вториот по квалитет шешир заедно со Алборг, Киелце и Порто.
Сепак, се уште е под знак прашалник учеството на Вардар во елитното натпреварување бидејќи акедонскиот шампион е под истрага на ЕХФ поради промената на името и неисполнетите обврски на минатото раковдство.
Вардар ќе мора да остави депозит од 1 000 000 евра во две рати. Првата до 13. јули и втората до 27. јули. Доколку не го направи тоа Вардар ќе го изгуби своето место во Лигата на шампионите, а на негово место ќе влезе словенечкиот Горење Велење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА