Вардар демолиран од Ренова, „лавовите“ ја грицнаа Шкендија, „пандевци“ се закон во Струмица

Вардар го доживеа и вториот пораз во пролетниот дел од шампионатот, повторно во Тетово, и овојпат убедлив и сосема заслужен, со 4-0 од Ренова, со што падна на третата позиција на табелата. Шкендија ремизираше 1-1 против Македонија во Ѓорче Петров, а и Силекс го изненади Работнички (0-1).

Академија Пандев го доби струмичкото дерби против Беласица со 0-1, а Шкупи триумфираше против Победа со 3-0. Ова е епилогот на наттпреварите од 20.коло во Првата фудбалска лига.

Ренова ги совлада „црвено-црните“ со 4-0. Емран Рамадани во деветтата минута го доведе домаќинот во водство, а Емануел Мбела четири минути подоцна веќе го нокаутира Вардар. Во вториот дел, во листата на стрелците уште еднаш се запиша Емран Рамадани во 48.минута, а погоди и Влатко Стојановски во 74.минута.

Шкендија ремизираше (1-1) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров. Омар Имери во петтата минута донесе водство за актуелниот шампион, а Робсон да Силва од слободен удар успеа да израмни во 58.минута од мечот.

Работнички и Силекс ремизираа 1-1 на арената „Филип Втори“ во Скопје. Во 13.минута, по катастрофалната грешка на голманот Ристо Јанков, кој беше блкокиран при дегажман, Силекс дојде во водство со голот на Бобан Георгиев.

По ова, „романтичарите“ силно нападнаа, во вториот дел Блажевски и Илијоски ја погодија рамката од голот на Силекс, а израмнувањето беше од пенал. По прекршокот над Баже Илијоски, во 72. минута Дејан Блажевски реализираше од белата точка. Но во 80.минута, Работнички остана со играч помалку по исклучувањето на бугарскиот интернационалец Дилгеров.

Академија Пандев го доби струмичкото градско дерби против Беласица со 0-1. На стадионот „Младост“, Љупчо Дориев во 19.минута го постигна победничкиот погодок за Академија Пандев.

Шкупи убедливо ја совлада Победа со 3-0. Муарем Бајрами донесе предност во 38.минута, Виктор Ангелов зголеми на 2-0 во 50.минута, а Серџо јуниор го постави конечниот резултат во 76.минута.

ПРВА ЛИГА, 20 КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РЕНОВА – ВАРДАР 4-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-1

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1

БЕЛАСИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-1

ШКУПИ – ПОБЕДА 3-0

Табела: Шкендија 44, Академија Пандев 36, Вардар 35, Работнички 28, Шкупи 27, Ренова 25, Македонија ЃП 22, Силекс 20, Беласица 18, Победа 18.

 

Се вчитува...