Вардар доби 50.000 евра – Гурбиндо потпиша за Динамо Букурешт

Едуардо Гурбиндо од денеска повеќе не е член на Вардар откако шпанскиот репрезентативец го комплетираше трансферот во редовите на Динамо Букурешт.

Романскиот тим инситираше на негов ангажман на барање на тренерот Чави Пасквал, кој имаше успешна соработка со Гурбиндо во тимот на Барселона. Шпанецот последен се приклучи на подготовките поради настапот на ОИ во Токио, но не требаше да мине многу време за да влезе во конфликт со тренерот Вујовиќ, по што побара трансфер.

Вардар даде зелено светло, но бараше отштета во висина од 100.000 евра за десниот бек, но според романските медиуми „црвено-тените“ се согласиле на отштета од 50.000 евра, што ќе ја добијат на неколку рати.

Доколку Романците успеат да го регистрираат Гурбиндо, Шпанецот ќе дебитира за Динамо веќе во второто коло од Лигата на Шампионите, против дрим-тимот на ПСЖ.

Се вчитува...