Вардар доби одлична група во Лигата на Шампионите

Ракометарите на Вардар ги дознаа противниците за групната фаза од Лигата на Шампионите, во сезоната 2026/27 во која „црвено-црните“ се враќаат во елитното европско натпревараување.

„Вардарци“ се наоѓаа во четвртиот шешир во пресрет на ждрепката, па токму затоа и можат да бидат задоволни од исходот, откако беа извлечени како дел од групата Б заедно со екипите на Нант, Мелсунген и Висла Плоцк.

Противниците воопшто не се наивни, но со кој „вардарци“ можат да се надигруваат и да ги победуваат, особено откако од првиот шешир беа избегнати гиганти како Барса, Магдебург, Берлин…

Согласно пропозициите во новоформираната ЛШ која од сезонава ќе брои 24 екипи, најдобрите два тима од секоја група се пласираат во следната фаза од Лигата на Шампионите, додека трето и четвртопласираните тимови продолжуваат во ЕХФ Европската лига.

Како што објавија од ЕХФ, првото коло од новата сезона во Лигата на Шампионите ќе стартува на 9 и 10 септември.

Се вчитува...