Вардар договори четири тест дуели во Аланија: Противници само од Истокот

Познати се четири од вкупно седумте противници на Вардар за пријателски средби, кои ќе бидат одиграни за време на престојот на централните подготовки во Аланија, Турција.

Прв противник на „црвено-црните“ е тимот на Иртиш од Казахстан на 19. јануари, а три дена подоцна ќе се игра против Сумгаит од Азербејџан. На 28. јануари Вардар ќе ги одмери силите со украинскиот тим Александрија, а на 2. февруари против Черно Море од Бугарија.

Предвидено е одигрување на уште три контролни натпревари на 26. и 30. јануари, и на 3. февруари, а противниците ќе бидат дополнително објавени.

Вардар на 16. јануари заминува на зимски подготовки во турскиот град Аланија, каде што ќе остане до 4. февруари.

ЗАКАЖАНИ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА ФК ВАРДАР:

19.01. – Вардар – Иртиш Павлодар (Казахстан)

22.01. – Вардар – Сумгаит (Азербејџан)

28.01. – Вардар – Александрија (Украина)

02.02. – Вардар – Черно Море (Бугарија)

Се вчитува...