Вардар домаќин: Ф4 на СЕХА ќе се игра во Скопје

Фајналфор турнирот за завршница на сезоната во СЕХА-лигата оваа сезона ќе се игра во Скопје, беше одлучено од страна на раководството на регионалното ракометно натпреварување. СЕХА официјализацијата на градот домаќин го најави за утре, но ЕКИПА дознава дека нема никакви дилеми, Скопје ќе го организира овој фајналфор иако во игра повторно беа хрватскиот град Пореч, како и Целје од Словенија.

Вардар ќе биде домаќин на Ф4 натпреварувањето во периодот од 13 до 15 април, со што „црвено-црните“ ќе имаат можност пред своите гледачи да го одбранат трофејот освоен минатата година во Белорусија.

Само за потсетување, Вардар веќе го обезбеди првото место по регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата, а покрај „црвено-црните“ дел од фајналфор турнирот најверојатно ќе бидат и Загреб, Брест Мешков и Целје, екипи што моментно се наоѓаат од второто до четвртото место на табелата.

Се вчитува...