Ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан, кој го носеше дресот на Вардар, е нов член на Каисар, прволигашот од Казахстан. Тој си замина од Скопје поради финансиските потешкотии што ги имаат „црвено-црните“, своевремено беше пред трансфер во Шкендија, но на крајот судбината го одведе во Казахстан.
Каисар минатата сезона се пласираше на петтотро место во првенството на Казахстан. Интересно, претходно уште еден екс-вардарец, Бразилецот Фелипе, замина во Казахстан, но и не успеа најдобро да се снајде фудбалски во оваа држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА