Вардар е пред „одбрана“ на Првата лига: Два гола за четири минути за водство од 2-0 против Детонит!

Најтрофејниот македонски клуб е пред официјално останување во Првата македонска фудбалска лига откако по првите 45 минути од бараж пресметката на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица има предност против Детонит Плачковица од 2-0.

До двата погодоци „вардарци“ дојдоа во финишот на првиот дел. Најпрво Дејан Ѓуриќ погоди во 42. минута, а потоа стрелаше и Лука Сушњара во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме за водстви и од 2-0.

Вардар имаше доминација во текот на целиот прв дел од мечот, но не успеа да реализира се до финишот.

Се вчитува...