Пирова победа на Кил, Вардар е на Ф4 во Келн!

Гори Скопје, Вардар го елиминира Кил и ќе ја брани европската титула на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн. Во крајно драматичен финиш во СЦ „Јане Сандански“, вардарци  во четвртфиналниот реванш загубија од Кил со 27-28, но „црвено-црните“  беа поуспешни во првиот меч во „Шпаркасен Арена“ (28-29) и со повеќе голови постигнати на гостински терен обезбедуваат пласман. За македонскиот првак ова е втор оласма на Ф4 во ЛШ по ред, за Кил пак втора година по ред без настап во Келн.

Вардарци по малку во грч го почнаа натпреварот и беа без погодок во првите шест минути во кои Кил дојде до почетно водство од 3-0. Но, вардарци понесени од фантастичната атмосфера од трибините, брзо ги консолидираа своите редови и заиграа во својот препознатлив стил. Вуко Борозна го скршиу мразот, а потоа следуваа уште три гола во серија и водство на „црвено-црните“ од 4-3. Ако на првиот меч во Кил бековите на Вардар беа исфрлени од ритам, на реваншот во Скопје, токму од бековската линија дојде пресвртот.

Стандардната одбрана на вардарци 5-1 со Жоан Канељас напред функционираше беспрекорно, а Арпад Штербик беше во својот препознатлив елемент запишувајши четири одбрани во орвата четвртина. Нападот само ја дополни сликата за беспрекорната „црвено-црна“ машинерија.

Погодокот на Иван Чупиќ од сењдмерец го однесе Вардар прв пат на +3 (8-5) во истекот на 13.минута. Тренерот на Кил, Алфред Гисласон исто како и на првиот меч, настојуваше да го сопре нападот на вардарци со длабока одбрана 3-2-1, но „црвено-црните“ подготвено одговорија на тактиката на „зебрите“ и успешно го наоѓаа патот до противничкиот гол.

Во нападот на Кил во втората четвртина работите во свои раце ги презеде словенечкиот плејмејкер, Миха Зарабец и со својот четврти погодок го врати германскиот тим на гол негатива (9-10), а Оле Рамел погоди за изедначување на 10-10 на десет минути пред крај на првиот дел.

Во дуелот со „атомски“ ракомет и тактичко надмудрување, Вардар ја одржуваше предноста и комнтролата на играта. А, во моментите кога Кил го засилуваше притисокот, тогаш во полн сјај на сцена стапуваше Арпад Штербик. Со десет одбрани за 25 минути, пола од нив речиси неверојатни, голманот на Вардар беше несовладлива пречка за „зебрите“.

На триесет секунди пред крај на првиот дел, Патрик Виенцек погоди за ново изедначување 13-13 резултат со кој заврши првото полувреме, откако Чупиш по втор пат беше непрецизен од седмерец. Кил остана во игра иако во овој прв дел „зебрите“ ја немаа вообичаената поддршка од своите голмани кои заедно имаа само три одбрани – една Ландин и две Волф.

Изедначено со игра гол за гол почна и второто полувреме. И повторно Вардар успеа да одвои на +3 (18-15) благодарение на двете извонредни интервенции на Штербик од кои првата одбранет седмерец на Никлас Екберг. А, кога Штербик „чува грб“ сигурно функционира и нападот на Вардар.

Гисласон на тоа реагираше со измена на голманите , а враќањето на Ландин меѓу стативите го врати и Кил во игра (18-17). Нервозата и тензијата на терен донесе две исклучувања кај Кил, а вардарци ја искористија шансата и поведоа со 20-17. За првото водство на Вардар на +4 (21-17) се погрижи Тимур Дибиров со мајсторски гол од крилната позиција со кој го надмудри Ландин. Гисласон ја прекина серијата на Вардар со тајм-аут, а по одморот Кил постигна три гола во серија за продолжување на неизвесноста. Критичните минути за вардарци ги прекина Лука Циндриќ кој се избори за седмерец, а потоа и реализира за 22-20 на стартот од последната четвртина.

Притисокот на Кил продолжи и во завршните десет минути. во кои вардарци влегоа со предност од 25-23, а одбраните на Штербик на едната и на Ландин на другата страна го режираа резултатот. Драмата во финишот кулминираше откако вардарци направија две брзоплети грешки, а Кил на пет минути пред крај имаше гол негатива и напад за изедналчување (26-25). Но, во најжешките моменти, Вардар го имаше концентран Штербик со клучната 16 одбрана на овој меч, брзо ефектуирана со погодок на Криштопанс на другата страна за предност на Вардар од 27-25.

Драмата на теренот во „Јане Сандански“ продолжи и во завршните две минути во кои вардарци бранеа минимална предност (27-26) и не успеаја да реализираат за мирен финиш. Кил напаѓаше за реми а реализира Никола Билик за 27-27. Вардар не се снајде најдобро, Кил погододи за пирова победа од 27-28 , но вардарци славеа бидејќи со повеќе голови постигнати на гостински терен обезбедуваат пласман на Ф4 во Келн.

Вуко Борозан со шест гола беше најефикасен во составот на Вардар, Лука Циндриќ постигна пет, а Даинис Криштопанс додаде четири гола. Извонредна партија на голот на Вардар забележа Арпад Штербик со 16 одбрани. Кај Кил по пет гола постигнаа Миха Зарабец, Никлас Егберг и Патрик Виенцек.

Завршниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Келн ќе се одржи на 26 и 27 мај. Пласман во завршницата обезбедија ПСЖ, Вардар и Нант, а последниот патник за Келн ќе го даде четвртфиналниот реванш меѓу Монпелје и Фленсбург.

Се вчитува...