Вардар е РАДОСТ! Македонија го слави новиот трофеј (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Бајката не завршува. Таа е уште поромантична. Кога сите се исплашија од предвремен крај, Вардар ја донесе втората европска титула. Се издигнаа ракометарите преку проблемите, хемијата не ја растури ниту беспарицата, а победничкиот карактер на Стоилов, Карачиќ, Дибиров и останатите уште еднаш донесе огромна радост за Македонија.

На плоштадот радосни лица, еуфорија, црвено-црна, македонска радост. Фановите со автомобили виорат знамиња, се израдува и градоначалникот Петре Шилегов на плоштадот. Престана дождот, па доби и навивачко друштво.

 

Се вчитува...