„Вардар експрес“ го реши и Пролет (фотогалерија)

Вардар продолжи со шампионски игри на домашната ракометна сцена, откако „црвено-црните“ дојдоа до убедлива победа на гостувањето со градскиот ривал Пролет (20-30). Засиленото темпо и фактот дека ова беше трет натпревар во последните четири дена не претставуваше никаков проблем за актуелниот првак, кој стигна до нова двоцифрена победа, јасно покажувајќи ја разликата во квалитет во однос на остатокот од учесниците во ракометниот плејоф.

Натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на тројца ракометни работници кои го загубија животот во изминатата седмица, Диме Момировски, Петар Кузманоски Таста и Гоце Петрушев.

Пролет изненади со одлична игра на самиот почеток од натпреварот, поведувајќи со 8-4 и терајќи го Раул Гонзалес да побара тајмаут. Тоа беше доволно за „вардарци“ да се разбудат, експресно во 18. минута да израмнат на 8-8, а потоа и да го завршат полувремето со предност од 10-14.

Стартот на вториот дел беше уште пофуриозен, откако „црвено-црните“ набрзина постигнаа седум гола во серија, стигнаа до двоцифрена предност и на крајот заслужено славеа со убедливи .

Македа беше прв стрелец на Вардар со седум гола, пред Стоилов и Недановски со по шест погодоци, додека најдобри поединци кај Пролет, во чии редови настапуваат само македонски ракометари, беа Џонов со седуми Манасков со четири гола.

Се вчитува...