Вардар ги дозна термините за двомечот со Веспрем во ЛШ

Вардар ги дозна термините за двомечот со Веспрем во Лигата на шампиони, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) во договор со клубовите кои учествуваат во осминафиналето од Лигата на шампиони (ЛШ), го објави распоредот за одигрување на дуелите.

Во осминафиналето на елитното ракометно натпреварување, Вардар ќе се соочи со Веспрем, а првиот меч треба да се одигра во Скопје на 1 април.

„Црвено-црните“ ќе бидат домаќини на унгарскиот гигант од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“, а реваншот меѓу тимовите ќе се одигра една недела подоцна, односно на 8 април во Унгарија.

Се вчитува...