Вардар ги намали цените за сезонските билети

Управата на Вардар донесе одлука за продолжување на рокот за купување на сезонски билети, притоа намалувајќи ги и цените на истите. Како што информираат „црвено-црните“, рокот е продолжен за уште четири дена и ќе трае до недела (26 септември 2021 година).

На барање на повеќемина навивачи кои побараа повторно да можат да купат сезонски билети за сите натпревари на Вардар им излегуваме во пресрет и истото ќе може да го сторат и следните денови. Потоа ќе продолжи повторно продажбата на поединечни билети за следните два домашни натпревари во ЕХФ лигата на шампионите.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени на сезонските билети:
Блокови 1, 2 и 9:
Цена – 2.150 денари

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена – 2.600 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена – 3.050 денари

За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

Повеќе информации за распоредот на натпревари можете да најдете на следниот линк
– https://rkvardar.mk/news/poznati-terminite-i-saatnicite-na-prvite-10-kol…

По завршување на овој рок доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

Ќе бидат пуштени во продажба поединечни билети за следните два домашни натпревари против Алборг и Монпелје кои се на програмата на 29 септември и 13 октомври.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Се вчитува...