Вардар ги потврди и Македонците – Георгиевски две години, Талески една сезона „црвено-црн“

Вардар денеска официјализираше уште два трансфери кои од претходно беа договорени, оние на македонските репрезентативци Филип Талески и Гоце Георгиевски.

Талески се враќа назад во Македонија, каде претходно беше капитен на Металург, по неколку години минати во Бундес-лигата. Тој по заминувањето од Металург го носеше дресот на Рајн-Некар Левен, потоа мина една сезона и во Балинген, а и покрај неколкуте понуди од Германија тој реши да се врати во татковината и да потпише едногодишен договор со Вардар, пред се поради предизвикот што го носи настапот во Лигата на Шампионите.

Георгиевски потпиша договор на две години, пристигнувајќи во Вардар по неколку сезони минати во Романија, како дел од ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...