Вардар ги пуштa во продажба билетите за мечот со Монпелје

Европскиот првак Вардар напладне ги пушта во продажба поединечните билети за последниот домашен меч во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите против Монпелје. Натпреварот Вардар – Монпелје е закажан за 29 февруари 2020 година во СЦ „Јане Сандански” во 17,30 часот.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Монпелје се 350 денари (трибина) и 400 денари (А блок). Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk.

Се вчитува...