Вардар ги пушти во продажба картите за европската премиера летово

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по седум години се врати на европската сцена, а првиот натпревар ќе го одиграат на 10. јули каде на домашен терен во 1. квалификациско коло од Конференциската лига ќе ја пречека Ла Фиорита од Сан Марино.

Клубот ги пушти во продажба влезниците за мечот против Ла Фиорита, се продаваат билети за јужната и западната трибина. За Југ чинат 300 денари, за Запад цената е 100 денари.

Билетите се продаваат преку „МКТикетс“.

Се вчитува...