Вардар ги пушти во продажба поединечните билети за дуелите со Монпелје, Кил и ПИК Сегед

Со цел да им се овозможува на навивачите навреме да обезбедат билет за некој од следните три домашни натпревари во ЕХФ Лига на шампионите, РК Вардар 1961 од денеска ја стартуваше продажбата на поединечните билети за средбите против Монпелје, Кил и ПИК Сегед.

Првиот меч Вардар го игра против Монпелје на 13. октомври во 20:45 часот, вториот дуел е против Кил на 27. октомври во 20:45 часот а третиот меч е против ПИК Сегед на 25. ноември со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Согласно протоколите, дозволено е користење на 30% од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Како што информираат од РК Вардар, продажбата на билетите ќе се врши онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations). Цени по блокови: Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 денари, Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 денари и Блок 1,2 и 9 – 350 денари.

„Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа (2 часа) пред почетокот на средбата. Тие што купиле сезонски билети, а не ги замениле со пластифицирани истото ќе може да ги сторат секојдневно на продажното место на купикартиза во ГТЦ во Скопје, или пред самиот почеток на средбата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” на денот на играње на натпреварот. На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите“ – информираат од РК Вардар.

Се вчитува...