Вардар ги раскина договорите со напаѓачот од Уганда, Фангор Бајо и со Фаустин Сенгор, информираше извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски.
Исто така нема документи за Ибрахим Олајсебикан кој може да си оди.
Извршниот директор информираше и дека нема вистина во информацијата за ангажман на македонскиот репрезентативец Бојан Димовски, а во тек се преговорите за продолжување на соработката со Цветковиќ.
„Имаме простор за уште еден до двајца странци, во зависност од тоа дали ќе отидат. Ќе позајмиме некои играчи на второлигаши и прволигаши. Имаме доста млади играчи, есет до дванасет, кои ќе работат со првиот тим“ – рече Неделковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
