Вардар ги регистрираше браќата Њокас за Лигата на шампионите

Браќата Оливие и Кевин Њокас се најдоа во составот на Вардар 1961 што го објавува ЕХФ на својата официјална страница за Лигата на шампионите.

Французите станаа дел од црвено-црното семејство откако се отвори комбинацијата со евентуалното заминување на Едуардо Гурбиндо. Шпанецот и натаму фигурира во тимот на Вардар, но кариерата би требало да ја продолжи во Динамо Букурешт.

Браќата Њокас во летниот преоден рок дојдоа во Металург, но откако не беа задоволни се преселија во Вардар.

Се вчитува...