Вардар ги спои во Германија: Скопје виа Гетеборг, на титула во Келн!

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Вардар има фатална привлечност. Хемијата на ракометарите донесе нова европска титулата, а љубовта кон „црвено-црните“ бои одржува долгогодишни пријателства и ширум Европа. Тројца другари кои се знаат од мали нозе, повторно се обединија – за титула во Келн.

Сашо, Владимир и Александар се другари повеќе од 35 години, а овој викенд повторно се обединија во Келн. Сашо и Владимир долетаа од Скопје, Александар пристигна од Гетеборг, закажааа навивање за титула во Келн. Ракометарите на Вардар ја покорија Европа, а друштвото знаеше да прослави. Македонски инает, шведска дисциплина и германско пиво – рецепт за ракометен успех и добро дружење во Келн.

Нека има пак…велат Сашо, Владимир и Александар.

Се вчитува...