Вардар го бара Гоце Георгиевски

Новата управа на Вардар ги интензивира преговорите во обид што поскоро да се ангажираат засилувања за следната сезона. Желба на „црвено-црните“ е да донесат што повеќе домашни ракометари во СЦ „Јане Сандански“, а многу високо на листата со желби на новото раководство предводено од Михајло Михајловски се наоѓа Гоце Георгевски.

Десното крило на националниот тим долги години настапува во странство, откако претходно со успех го носеше дресот на Металург. Тој во последните сезони е член на романскиот ЧСМ Букурешт, но во ситуација на неизвесност околу буџетот на неговиот клуб за наредната сезона, Вардар се обидува да го доведе назад бо мак-ракометот.

Шишкарев летово ги напушта „црвено-црните“ и се сели во Веспрем, а се уште е неизвено дали по негови стапки од Вардар ќе си замине и Иван Чупиќ. Во ваква ситуација, Георгиевски би бил добредојден во таборот на „вардарци“, клуб со кој десното крило повторно би добило шанса за настап и во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...