Вардар го договори Пиреш од Силекс како свое прво засилување!

Португалецот од редовите на Силекс, Мигуел Пиреш, треба да биде првото засилување за Вардар за новата сезона.

Според информациите од Кратово, Пиреш веќе се договорил за преселба во редовите на новиот македонски шампион, и покрај тоа што за неговите услуги имало интерес уште од неколку екипи од Македонија, но и од соседството.

Пиреш беше еден од најдобрите фудбалери на Силекс изминатава сезона. 29-годишниот напаѓач постигна 11 гола, а имаше и четири асистенции.

Како што е познато, Вардар веќе ги продолжи договорите со уште четворица свои досегашни фудбалери. Верноста со „црвено-црните“ за уште една година ја продолжија голманот Методија Велковски, дефанзивецот Ненад Мишковски, како и играчите од средниот ред Филип Дурански и Горан Закариќ.

Се вчитува...