Вардар го официјализираше Бразилецот Жуниор Родригез (ФОТО)

Вардар и официјално го промовираше бразилскиот интернационалец Леовигилдо Жуниор Реис Родригез кој со „црвено-црните“ потпиша едногодишен договор, со можност истиот да се продолжи на плус уште една година. Доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров, има 23 години и игра на позицијата лев бек.

„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува бодови, и секако се надевам на освојување на шампионската титула уште оваа сезона“ – истакна Жуниор по промоцијата во новиот клуб.

Новиот фудбалер веќе е со екипата на подготовките во Аланија, Турција каде што веќе настапи на првите два контролни натпревари. Бразилецот вели дека е одлично примен и очекува добри подготовки и успеси во пролетниот дел.

„Добро се вклопувам во новата средина, и одлично сум примен од новите соиграчи. Сега останува добро да работиме и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам на добри игри и на добри резултати во вториот дел од сезоната, и се разбира посакувам прво место на крајот“ – вели новото засилување на „црвено-црните“.

Се вчитува...