Вардар го официјализираше трансферот на Французинот Кантегрел (ФОТО)

Вардар и официјално го заокружи трансферот на францускиот голман Робин Кантегрел.

„Црвено-црните“ официјално го промовираа Кантегрел како свој нов ракометар потпишувајќи двегодишен договор. 25-годишниот чувар на мрежата доаѓа од редовите на француски Сесон Рен.

Кантегрел бранеше во одлична форма во втората француска лига и му помогна на Сесон да дојде до промоција во елитното друштво.

Се вчитува...