Вардар го почна шопингот со Најдовски и Мицевски

По бројните заминувања од таборот на Вардар, актуелниот вицешампион на Македонија денеска го официјализираше и првиот трансфер во своите редови. И додека со зборови се најавува конкурентен тим за борба за висок пласман, со дела тоа тешко се потврдува, па така прво засилување на „вардарци“ летово е 25-годишниот Филип Најдовски од редовите на Победа.

Договорот на Најдовски со „црвено-црните“ е на една година, со можност за продолжување на соработката и во следните две.

„Вардар е најголем клуб во Македонија, чест и привилегија е да се биде дел од овој тим. Идната сезона очекувам да се бориме да ја вратиме титулата онаму каде што припаѓа, и да ја освоиме двојната круна. На Вардар секогаш му доликува да се бори да биде најдобар во секоја конкуренција. Очекувам да се наметнам во екипата, и да ја оправдам укажаната доверба. На подготовките секој ќе ја добие шансата, и очекувам да ја искористам. Потоа не очекуваат натпревари во Лигата на Европа. Секако дека посакувам да го повториме минатосезонскиот успех, и да се пласираме во групната фаза ако е можно. Тоа би било одлично“ – изјави новиот играч на „црвено-црните“ за клупската веб-страница.

За потсетување, Вардар во изминатите го напуштија речиси сите првотимци, дел од нив поранешни и актуелни репрезентативци на Македонија, како и најдобриот играч на екипата, Бразилецот Фелипе.

По Најдовски, поранешниот првак на Македонија објави уште еден трансфер, оној на 26-годишниот играч за врска, Дарко Мицевски. Тој во својата кариера има настапувано за екипите на ОФК Белград, Нови Пазар, Слобода Ужице, во Минск, а во Вардар доаѓа од редовите на Ал-Неџмех од Либан.

Чест ми е и задоволство што ќе играм во дресот на Вардар. Понудата ја прифатив без размислување, и во следниот период ќе дадам се од себе прво да се наметнам и да ја оправдам довербата, а потоа да атакуваме на двојната круна. Малкумина знаат дека јас потекнувам од овој клуб, играв во сите младински категории во Вардар, и ми е многу драго што повторно се враќам во клубот во кој настапував како дете. Од Вардар секогаш се бараат само успеси и само титули. Прво треба да се изгради екипата, да се воигра добро, а потоа сите заедно да дадеме се од себе да донесеме успех за тимот“, изјави Мицевски.

Се вчитува...