Вардар го понижи Шкупи

Вардар и Шкупи се сретнаа во дербито на дното на табелата од кошаркарскиот шампионат, но никој не очекуваше „црвено-црните“ на таков начин да го понижат градскиот ривал, декласирајќи го со резултат 118-59.

Максимално мотивирани, избраниците на тренерот Радуловиќ одиграа феноменална прва четвртина во која за десет минути постигнаа дури 40 поени (40-8). Предноста се повеќе растеше, на крајот од третата четвртина истата изнесуваше 68 поени разлика (104-36), за во последните десет минути гостите само малку да ја ублажат негативата. На крајот, Вардар постигна двојно повеќе поени од Шкупи, за конечна победа од 59 поени разлика.

Радош и Ивановиќ постигнаа по 18 поени за „црвено-црните“, додека Темелковски оствари дабл-дабл од 13 поени и 10 скокови.

Се вчитува...