ВАРДАР ГО ПРЕДАДЕ „ФЕНЕРОТ“: Очаен терен, одлични „Комити“ и просечен фудбал… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар на најдобар можен начин го заокружи можеби еден од најважните натпревари оваа пролет, пред се од психолошки аспект, во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ во битката за бегство од дното сосема заслужено ја надиграа и победија Брегалница, во повеќе од тешки услови за игра на очајниот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, кој очигледно и не можеше да овозможи повеќе од еден просечен фудбал.

Но, крајно луцидно, со максимална агресивност на стартот и два брзи гола преку Алтипармаковски и Глишиќ уште во првите 25 минути, избраниците на Горазд Михајлов на крајот си прибраа три бода за бегство од „фенерот“ кој го предадоа на Македонија ЃП која сега е последна со 18 бода зад Брегалница која има 20 бода. Вардар со 21 бод се израмни со Воска Спорт на двете позиции кои носат во бараж за опстанок во елитата….

 

 

Се вчитува...