Вардар го „преслуша“ Силекс пред мегданот со Зенит (ФОТО + ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар го преслуша Силекс, славејќи со 3-1 на „Филип Втори“ во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. Четата на Чедомир Јаневски успешно го мина тестот пред првиот свој натпревар од Лигата на Европа кој „црвено-црните“ ги очекува во четврток (14. септември) против рускиот Зенит.

Вардар дојде до водство со голот на капитенот Бобан Грнчаров во 18. минута од средбата.

Сепак, кратовци се покажаа повеќе од цврст противник за македонскиот шампион. Имаа три можности во продолжението за израмнување кои не ги искористија, за да потоа и Вардар пропушти одлични шанси преку Барсегјан во 37. минута и Бесар Исени во 40. минута кој со извонреден шут од 25 метри ја погоди гредата од голот на Силекс.

Во второто полувреме далеку подобра игра на „вардарци“, па дојде водството од 2-0 со прекрасниот гол на Барсегјан… Вистинска мајсторија, само што штета немаше кој, баш, да ја види на нашиот најголем стадион ако се знае дека едвај околу 400 навивачи има на „Филип Втори“…

На 3-0 зголеми Никола Глигоров во 66. минута…

За да, Силекс успее само да постигне почесен гол преку Ѓорѓевиќ во 74. минута.

Силекс, имаше да дојде и до неизвесна завршница, меѓутоа во 76. минута Георгиев не успеа да погоди од белата точка, откако Гачевски убаво го одбрани неговиот шут.

Се вчитува...