Вардар го претстави новиот дрес – со нов главен спонзор (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар денеска го претстави на јавноста новиот дрес што избраниците на Алушовски ќе го носат во сезоната 2020/21.

„Црвено-црните“ остануваат верни на компанијата за спортска опрема „Хумел“, но затоа на дресот се забележуваат два нови спонзори. Станува збор за компанијата Ватростална, која е во сопственост на претседателот Михајло Михајловски, а во РК Вардар инвестира и Комерцијална Банка – Скопје, која според позицијата на дресот најверојатно е главен спонзор на „вардарци“ за сезоната што претстои.

Се вчитува...